дома Балкан Српската напредна странка во Македонија застанува зад мултилатерализмот

Српската напредна странка во Македонија застанува зад мултилатерализмот

219
0
АКЦИЈА

Српската напредна странка во Македонија застанува зад мултилатерализмот

Пратејќи ги светските тековини на денешниот свет исправени сме пред мултилатеризмот како политички феномен кој му се наметнува на светот како единствено решение за унилатерализмот и хегемонијата. Во светски рамки најгласен заговарач на мултилатерализмот е токму Кина, втората светска еконимија, која не го гледа светот како место каде што се управува од еден центар на моќ туку својата визија ја базира на еднаквост. Единствениот светски поредок е оној на ОН, каде што рамноправноста е темел на секоја соработка. Кина како најмногубројна земја на светот и втора светска економија има популација која е свесна за својот развиток, напредок и успех. Кина по своето историско отварање во 1978 направи чудо во светски економски рамки, тоа чудо уште трае иако многумина се исплашени од него. Кина не загрозувајќи ничив интегритет му покажа на светот како од страните на мирољубието и пријателството никнуваат плодови достојни за почит. Според некои пресметки Кина во наредните 10 години би требала да ги претрка САД во економската моќност. Податок кој наиде на помалку економска инвентивност а повеќе бунтовност кај многумина кои се почуствуваа погодени. Развитокот е врвен идеал на скоро сите земји, но различните гледишна на патот по кој треба да се развиваме е клучен за тоа каков однос имаат државите кон останатите, дали се агресивни, мирољубиви, пријателски или непријателски. Мултилатеризмот токму тука добива на својата јачина додека хегемонизмот како несакана доктрина полека слабее и е често видуван како лош метод на управување со светот.Мултиполарниот свет застапуван од се повеќе слободни светски народи правото на рамноправност и еднаквост го гледа како појдовна точка во решавањето на секој предизвик Србија е една од најголемите учеснички во иницијативата Појас и пат. Србија благодарејќи и на оваа иницијатива инфраструктурно зајакна како во најдобрите времиња на Југославија и економијата и БДП забележаа голем раст и спасени беа мнгу загубари како и многу луѓе кои не останаа без своите плати.Нас како Срби од Македонија не радува секој успех на нашата матица и не боли секоја неправда врз неа. Па така согласувајќи се политички околу цврстиот став за не признавањето на јужната српска покраина благопријатноста може да се каже дека е двојна. Следното нешто кое можеше да се очекува од пријател беше испораката на вакцините во Србија од страна на Кина. Благодарејќи на Кинеските вакцини кои стигнаа во најголем број во Србија забелжаа голем процент на вакцинирани. Со тоа се спасени многу животи и економијата се одржва витална колку е тоа можно во пандемиски услови. Кинеските вакцини во најголем број стигнаа и во Македонија. Во Македонија поголемиот дел од вакцинираните се вакцинирани со кинеска вакцина. На мака се познаваат пријателите е стара македонска изрека. Но ние во поновите времиња како да заборавивме да се потпираме врз својата мудрост заслепени од белосветските проблеми и берејќи туѓи гајлиња. Благодарејќи на тие вакцини Македонската економија се одржува бидејќи потрошувачите, работниците, клиентите, работодавачите итн стекнаа имунитет. Затоа како Срби и граѓани на Македонија на кои им значат и двете држави се чуствуваме погодено кога некој ќе каже дека треба да се определиме за страна и по можност да ја окарактеризираме Кина како предизвик. Српскиот политички и економски дискурс треба да се разгледува внимателно, македонскиот исто така. Затоа како разумни луѓе ќе побараме излез во мултилатерализмот, што ќе каже дека веќе не постои еден центар на моќ во светски рамки. Треба да се пружаат раце на пријателство кон сите, бидејќи светот треба да биде место на рамноправни народи и држави кои коегзистираат и имаат право да се развиваат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here