дома Вселена Милетиќ: Република Македонија не е бинационална држава – постојат само една држава...

Милетиќ: Република Македонија не е бинационална држава – постојат само една држава и едно државно уредување

148
0

Во време кога прашањето за меѓуетничките односи и политичката рамноправност повторно станува тема на јавна дебата, разговаравме со Петар Милетиќ од СНСМ, кој ги сподели своите ставови за тоа како треба да се почитува Уставот, јазичната рамноправност и државниот поредок. Во продолжение, тој одговара на неколку прашања поврзани со актуелната политичка состојба и односите меѓу македонскиот и албанскиот политички блок.

  • Господине Милетиќ, каков е Вашиот став, но и ставот на Српска Напредна Странка во Македонија по однос на последите „провокации“ од страна на Касами, но и реакцијата на „Вреди“?

Милетиќ: Република Македонија не е бинационална држава. Во нашата држава не постојат „две Македонији“ – една албанска и една македонска. Постојат само една држава и едно државно уредување, и согласно тоа, не може да има „албански премиер“ и „македонски премиер“. Во Македонија може да има само еден премиер кој ја претставува државата и сите нејзини граѓани.

Јасно е дека Уставот и законите им овозможуваат на Албанците да го употребуваат албанскиот јазик, да дадат изјави на албански и јавно да се обраќаат на албански јазик. Тоа право е загарантирано и не е спорно. Но, исто така, потребно е да постои почитување кон државата и македонскиот народ. Македонскиот јазик е службен јазик на државата и е задолжителен во официјалната комуникација.

Затоа, во иднина, во сите јавни настапи и обраќања, е потребно најпрво да има излагање на македонски јазик, а доколку се сака, потоа може и на албански. Така е пропишано во Уставот и законите, и тоа е формата што обезбедува почит и рамноправност. Доколку на некого ова не му е јасно, доволно е да ги отвори Уставот и законите и да се увери во тоа.

  • Што се очекува од албанските политички претставници во однос на почитувањето на државниот поредок? Која е Вашата порака кон нив, но и останатите заедници во Рапублика Македонија?

Ако сите други етнички заедници во Македонија ги почитуваат Уставот и законите, тогаш и вие сте должни да го правите тоа. Македонците немаат „резервна држава“. Македонија како држава им овозможила на сите граѓани, вклучително и на Албанците, да се занимаваат со политика и да уживаат сите придобивки што произлегуваат од тоа.

Почитувањето на Уставот, законите и државниот поредок е неопходно ако сакаме да живееме во уредена и стабилна држава, без непотребни тензии. Само на таков начин се гради заедничка иднина во која сите ќе се чувствуваме рамноправно и безбедно.