дома Балкан КАЈЕВСКИ ОД ЛЕВИЦА: Замислете наместо 54, да набавевме 53 оклопни возила од...

КАЈЕВСКИ ОД ЛЕВИЦА: Замислете наместо 54, да набавевме 53 оклопни возила од САД, колку пари за болници ќе ни останеа

195
0
АКЦИЈА

Јован Кајевски од Левица направи споредба меѓу донациите што земјава ги добива од НАТО, со сумата за набавка на 54 оклопни возила од САД кои чинат силни милиони евра.Споредбата ја објави и лидерот на Левица Димитар Апасиев.„Во март набавивме 54 оклопни возила од САД за вкупно 210 милиони долари. Сега, САД ни донира 570 илјади долари, за кои Филипче вели дека ќе ја направат Лабораторијата за микробиологија на ИЈЗ спремна да детектира секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест.Замислете сега, наместо 54 околопни возила, да набавевме 53? Лабораторијава ќе беше спремна уште пред 3 месеци и ќе ни останеа уште ‚скромни’ 2-3 милиона да потсредиме којзнае колку болници низ државата.Ете тоа е придобивката од #WeAreNATO: можеме да фрламе пари на оружје, а за здравство да чекаме милостиња“, напиша Кајевски на својот фејсбук профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here