дома Балкан Пендаровски: Бугарските „тврди позиции“ ќе останат и по изборите во април

Пендаровски: Бугарските „тврди позиции“ ќе останат и по изборите во април

223
0
АКЦИЈА

Претседателот Стево Пендаровски не очекува промена на позициите на Софија кон Скопје и по изборите во Бугарија на 4 април. Во синоќешното интервју за ТВ Клан, шефот на државата рече дека за жал вестите од Бугарија зборуваат за „тврд став и на опозицијата и на власта во однос на нашата земја, така што кој и да дојде по избори битна измена ќе нема“.

Сепак, се надева дека со помош на, како што наведе, „нашите евроски пријатели во Брисел ќе се најде формулација со која нема да се негира нашето основно право како се чувствуваме и се декларираме и на таков начин ќе успееме да ги почнеме преговорите со ЕУ“.

Прашан за позициите на Софија за идентитетот, јазикот и за постоење македонско малцинство во Бугарија, Пендаровски вели дека не треба да се навлегува во барања поврзани со самоопределувањето.

-Нивната теза е дека ние од тука треба да се откажеме од обидите да инсталираме некекво македонско малцинство во Бугарија. Принципот број еден во меѓународните односи, особено по 1945 година е немешање во внатрешните работи на други држави. Според тоа, ние не смееме и не сакаме да се мешаме во внатрешниот поредок на Бугарија. Но, ако некој индивидуално се декларира како Македонец и бара право во Советот на Европа или други организации кои се занимаваат со човекови права, тоа не значи дека некој од Скопје го инструирал и платил. Имаме луѓе кои се декларираат како Македонци и во Грција. Во Преспанскиот договор ние не се откажуваме од нив, изјави Пендаровски.

Тој очекува засилен ангажаман и на САД на Западен Балкан по победата на Џо Бајден, бидејќи во неговата администрација има луѓе кои имаат директни искуства во регионот.

– Меѓу нив е Викторија Нуланд, која има лична релација и со нас, со Северна Македонија, но и со регионот, посочи претседателот Стево Пендаровски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here