дома Балкан Мицкоски: Се надевам дека Владата нема да го игнорира гласот на граѓаните!

Мицкоски: Се надевам дека Владата нема да го игнорира гласот на граѓаните!

16
0
АКЦИЈА

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема со скрстени раце да го дочека Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, откако и претседателот на државата, Стево Пендаровски, вчера го потпиша Указот за прогласување на тој Закон, по извршени консултации со правни експерти. Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.
И од ВМРО-ДПМНЕ се залагаат за истото, но преку нов закон за попис. Од партијата порачаа дека за евентуалното прекинување на пописот, за неточни податоци и за евентуален фалсификат, што би предизвикало понатамошни поделби во општеството и непризнавање на пописните резултати, одговорноста ќе ја сносат премиерот Заев, министерот за правда, пратеничките групи на СДСМ и на ДУИ, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и неговиот заменик од ДУИ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here