дома Балкан Заев верува дека името ќе се реши пред самитот на Советот на...

Заев верува дека името ќе се реши пред самитот на Советот на ЕУ

427
0
АКЦИЈА

Мораме да водиме грижа и да бидеме креативни во изнаоѓање на решение за името. Многу е важна временска рамка за носење на одлуките, вели премиерот Зоран Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
– Можеби конечното решение ќе биде врзано со гласањето на Македонија, како граѓани, со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ, во која сакаме да бидеме членка и тогаш се отвара и Уставот, можеби и тука е решението, поради тоа што знаете дека Грција бара и промена на Уставот, заради промената на уставното име. Јас сум убеден дека креативноста ќе ги изнајде овие решенија, истакнува премиерот во интервјуто.

На прашањето дали сè уште е оптимист дека проблемот што го имаме со Грција околу името ќе биде решен до самитот на ЕУ во јуни, тој вели дека е оптимист и дека оптимизмот го води и верува дека е од огромна помош за да гледа храбро, внимателно и суштествено на овој сериозен процес. – Сериозен, оти еве 27 години постои, а не се решил. Верувајќи дека навистина е вистинско време за решение и фала богу не сум сам оптимист, има и други оптимисти во државата, пред сè луѓето кои ми помагаат, мнозинството граѓани во нашата земја, додава Заев.

Во интервјуто посочува дека е можно да се дојде до решение пред Самитот на Советот на ЕУ.

– Јас сум поприлично убеден, кога веќе дојдовме до овие скалила до кои сме дојдени, дека е можно решение пред самитот на Советот на ЕУ, посочува премиерот Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here