дома Балкан Од петок рестораните и кафулињата ќе работат до 18 ч

Од петок рестораните и кафулињата ќе работат до 18 ч

264
0
АКЦИЈА

Владата донесе одлука рестораните и кафулињата од 18  декември до 21 јануари на полноќ да работат до 18 часот, а не како досега 21 часот, кажа на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев. Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во престојниот период на празници.

Забрането е и организирањето каков било тип прослави за време на новогодишните празници на отворен и на затворен простор од кои било физички и правни лица и јавни субјекти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here