дома Балкан Колумна на Сретен Милетиќ: Сервилноста на нашите политички елити и посетата на...

Колумна на Сретен Милетиќ: Сервилноста на нашите политички елити и посетата на Лавров во Србија

282
0
АКЦИЈА

Да не беа толку сервилни македонските политички елити, Македонија денеска ќе можеше да се пофали со изграден историски и општествен дискурс кој соодветсвува на минатото и во зависност од приликите ќе можеше да биде поевропски или проруски, прозападен или происточен, а тоа ќе дадеше една неопределност и мекост на интерсеите како што е тоа во Србија, и каква што е реалната состојба кога се работи за истокот и западот и минатите и идните времиња на Балканот. Неопределеноста исто така ќе беше добар баланс, цел светоглед и принцип меѓу двете перспективи, мината и иднини. Нашата неминовност ќе можеше да биде стремежот кон европскиот пат а минатото неминовната судбина која не доведе до европскиот стремеж заедно со уште многу слични на нас Југоисточни европски држави. Сосема прагматично изградена перспектива, меѓу останатите. Денеска заблагодарувајќи и на таа сервилност македонскиот дискурс и наратив се се повеќе синтетички и хибридни механизми кои се обидуваат да се спротистават на силните пропагандни машинерии на некои од околните држави. Денешниот ден, посетата на Лавров на Србија е пример за внатрешно помирување на страните во европска и модерна Србија. Минатите дискурси и перспективи се испреплетуваат со сегашноста. Мислам дека е конечно време Македонија да совземе сили и да го покаже своето вистинско лице пред оние од соседите на чии лица е испишанo негаторството на се што не се совпаѓа со нивниот светоглед. Драги пријатели барем добар дел од македонскиот наратив и дискурс лежи и во големата и убавата Русија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here