дома Балкан Санкционирани 36 лица кои возеле без возачка во Скопје, 16 под дејство...

Санкционирани 36 лица кои возеле без возачка во Скопје, 16 под дејство на алкохол

225
0
АКЦИЈА

25 санкции за користење на мобилен телефон, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 18 санкции за неносење заштитна маска

При акциски контроли во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје се изречени  461 мерка.

За возење без возачка дозвола, како што соопшти МВР, се изречени 38 санкции, 16 мерки за нерегистрирани возила, 16 за управување под дејство на алкохол, 25 санкции за користење на мобилен телефон, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 18 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here