дома Балкан Новозаразени се 982 луѓе, а од Ковид-19 починаа уште 19 пациенти

Новозаразени се 982 луѓе, а од Ковид-19 починаа уште 19 пациенти

220
0
АКЦИЈА

Во изминатото деноноќие 19 пациенти со Ковид-19 не успеаја да се изборат со корона вирусот. По четворица починати има од Скопје и Крива Паланка, од кои еден има 40 години. Останатите починати се на возраст од 53 до 87 години. Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Од направени 2.805 тестирања регистрирани се 982 нови случаи, во: Скопје-456, Куманово-24, Дебар-2, Штип-23, Прилеп-69, Тетово-36, Струга-38, Велес-26, Битола-45, Охрид-42, Кавадарци-43, Гостивар-34, Гевгелија-14, Струмица-28, Крива Паланка-2, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Валандово-7, Виница-6, Делчево-15, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-7, Неготино-9.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 556 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.025, бројката на оздравени пациенти е 48.726, на починати е 2096, а бројот на активни случаи изнесува 22.203. Од вчера се евидентитра еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 31.554, активни 11.425
Куманово 4.231, активни 661
Дебар 547, активни 153
Штип 3.045, активни 485
Прилеп 3.643, активни 964
Тетово 4.367, активни 998
Струга 1.763, активни 458
Велес 2.418, активни 692
Битола 2.630, активни 911
Охрид 2.016, активни 620
Кавадарци 1.659, активни 626
Гостивар 3.054, активни 845
Гевгелија 926, активни 282 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 156 на Богданци и 12 се странски државјани)
Струмица 1.994, активни 579
Крива Паланка 519, активни 125
Радовиш 512, активни 132
Крушево 152, активни 74
Кочани 1.416, активни 261
Пробиштип 402, активни 66
Демир Хисар 218, активни 55
Македонски Брод 196, активни 37
Пехчево 119, активни 23
Берово 441, активни 95
Валандово 253, активни 60
Виница 417, активни 125
Делчево 598, активни 287 (169 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 172, активни 27
Свети Николе 968, активни 205
Кичево 1.437, активни 381
Ресен 556, активни 187
Неготино 802, активни 364 (122 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here