дома Балкан Матеа Киселичка настапува на „Пролетниот фестивал“ во Куншан, Кина

Матеа Киселичка настапува на „Пролетниот фестивал“ во Куншан, Кина

234
0
АКЦИЈА

Современата танчерка и кореографка, Матеа Киселичка, вечерва, на покана на Амбасадата на С.  Македонија во Кина, ќе настапи на „Гала вечерта“ во рамки на „Пролетниот фестивал“ во Куншан (Кина) со која се одбележува соработката помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Во „Гала вечерта“, на која ќе присуствува дипломатискиот кор, како и значајни личности и уметници од Кина и Европа, ќе настапат повеќе уметници од различни категории, кои ги претставуваат своите земји и ја промовираат соработката која се одвива во последните неколку години. Настанот има за цел да ја обедини суштината на традиционалната и современата уметност на земјите учеснички, користејќи високотехнолошки и аудиовизиуелни методи за репродукција на врвните достигнувања на нивната култура и уметност.

Киселичка, која со овој настап ја претставува нашата земја, ќе настапи со своја кореографија, која содржи етно елементи од македонксите народни и традиционални ора, моделирани преку вокабуларот на современиот танц. Музиката е на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, „Еј ти момче Охриѓанче“.Можеби ќе ве интересира

Матеа Киселичка е дел од првата генерација современи танчери, едуцирани во нашава земја на Скопје танцовата академија и е дел од Скопје танцовиот театар од неговото основање. Во моментов таа работи како универзитетски професор на „Конзеравториумот за музика“ во Ханџо, Кина, на кој предава современ танц. Како танчер и кореограф, Матеа Киселичка, со претстави на Скопје танцовиот театар во кои се вклопени и нејзини кореографии, настапува низ земјава и странство, на престижни фестивали, како „Holland Dance Festival“ во Хаг, Холандија, „Battery Dance Festival“ во Њујорк, „Интернационалниот фестивал за танц“ и „Средба во Пекин“ фестивалот во Пекин, Кина и др.

Мате Киселичка на еден од своите настапи

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here