дома Балкан Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние и македонскиот премиер Зоран Заев на прошталната средба...

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние и македонскиот премиер Зоран Заев на прошталната средба од амбасадорската должност, си посакаа што побрз напредок во преговорите за членство во Европската Унија.

234
0
АКЦИЈА

Во петокот на 25 септември, премиерот Зоран Заев го прими амбасадорот по повод завршувањето на неговиот мандат. Амбасадорот му се заблагодари на Премиерот за неговата лична поддршка за време на мандатот и му ги пренесе честитките од француските власти со желба за успех во реализацијата на реформската програма чијшто приоритет е евроинтеграцијата. Се разговараше за актуелната политичка состојба, како и за продлабочувањето на билатералната соработка, особено во областа на економијата, здравството, животната средина и зелените енергии. Амбасадорот ја искажа поддршката на Франција за брзо отворање на преговорите за членство во ЕУ врз основа на новата методологија.

Францускиот Амбасадор Кристиан Тимоние и премиерот Зоран Заев се поздравуаат во владата на Р. С.М. на прошталната средба од амбасадорската должност, со искрени желби за напредок во реформите и срдачност во Европски манир.
Францускиот Амбасадор во Македонија Кристиан Тимоние на прошталната средба од амбасадорската должност во Македонија му ги пренесе на премиерот Зоран Заев честитките од француската влада со искрени желби преговорите со ЕУ да почнат што поскоро во зависност од реформите кои треба да бидат спрвоедени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here