дома Вести Oтец Оливер: Повикот за џихад не се санкционира, а Агатангел ви пречи...

Oтец Оливер: Повикот за џихад не се санкционира, а Агатангел ви пречи со легитимен повик

403
0
АКЦИЈА
Фотографија на Oliver Petrovski.

ЈО Велес ќе поднесува пријава по “допрен глас” против високопреосветениот митрополити Агатангел затоа што ги повика верните на заедничка молитва во ДВОРОВИТЕ на Црквите со запазување на владините мерки.
Најверојатно ЈО Велес биле на чистење на ушите или на одмор кога во Велес повикуваа на џихад.
Двојни аршини или намерна провокација за омраза помеѓу христијаните и муслиманите?
Со кој образ ќе излезете утре пред народот?
Срам да ви е!!! Ако воопшто знаете што е срам…
Колку за потсетување, полицискиот час во Велес почнува од 16.00 часот.

Основното јавно обвинителство Велес  отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и Повардарската епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска задушница, в петок и во сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.

Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, велешкото Обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките што се определени од страна на Владата на Република Северна Македонија.​/МИА/

Превземено од
http://dokazmakedonija.mk/otets-oliver-povikot-za-dhihad-ne-se-sanktsionira-a-agatangel-vi-prechi-so-legitimen-povik/?fbclid=IwAR0KQSnJApTnqnSNCrguOAwtfBUPKOrUCkXbLFSmgBvGAqhKgW29y6Pj7hg

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here