дома Вести За „духовден“ нема одење на гробишта низ цела Македонија, пола држава затворена...

За „духовден“ нема одење на гробишта низ цела Македонија, пола држава затворена дома, граѓаните бесни

342
0
АКЦИЈА

Бесни граѓани, метеж во главниот град, редици пред маркетите и банките, гужви на зелените пазари, празни полици за леб. Граѓаните носеа маски, ама ретко каде се држеше дистанца. Имаше буквално навалица секаде.

По одлуката за 80 часовен карантин ваква беше сликата во главниот град. Граѓаните револтирани по најавата дека повторно ќе бидат затворени дома цел викенд. Голем дел се пожалија дека не било човечки да им се забрани да ги посетат вечните почивалишта на своите блиски. Жестоко реагираат на одлуката на владата и прашуваат зошто за големиот муслимански празник „Рамазан“ верниците имаа неколку часа да ги посетат џамиите, а сега нема таква можност.

Но сретнавме и такви кои и не бираа зборови. Револтирани до тој степен што сите граѓани ги „испратија во Бутел“.

И како на почетокот на пандемија, граѓаните и пред овој карантински продолжен викенд правеа залихи. Гужва и турканици можеа да се забележат пред поголемите маркети, но и секаде низ градот.

Алфа направи обиколка и во населбата со најмногу случаи позитивни на Ковид-19. И таму разочарување, ама не и страв. Велат дека немало потреба од толку ригорозни мерки.

Одлуката ги налути и угостителите. Само неколку дена по отворањето, повторно ги затворија. Сопствениците на ресторани и кафулиња се жалат дека се заглавени до гуша, и не знаат како ќе ја пребродат кризата.

Влатко Нановски, сопственикот на „Нано Бар“, за Алфа рече дека имаат трошка надеж дека ќе биде подобро. Се надеваат дека државата ќе конечно ќе им помогне.

А како што наближуваше крајот на работното време, така се празнеа паркинзите во главниот град.

Превземено од https://alfa.mk/za-duhovden-nema-odenje-na-grobishta-niz-cela-makedonija-pola-drzava-zatvorena-doma-gragjanite-besni/?fbclid=IwAR3t8qVePXuM-cyEhbnFEdbRi6BL2sXgFi5O0_0yKrQfitTxpTdJTt-txgc

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here