дома Вселена ЗВУЧИ НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТO: ГЕРМАНИЈА БАРА ПОМОШ ОД МИГРАНТИТЕ ЗА ДА СЕ...

ЗВУЧИ НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТO: ГЕРМАНИЈА БАРА ПОМОШ ОД МИГРАНТИТЕ ЗА ДА СЕ СПРАВИ СО КОРОНА

471
0
АКЦИЈА

Од Галама0

Водечки германски научници ѝ предлагаат на владата постепено укинување на мерките за сузбивање на ширењето на вирусот, вклучувајќи повторно отворање на училиштата, градинките, рестораните и продавниците и укинување на забраната за патување.

„На германската влада 1 предлагаме составување план за постепено враќање во нормална состојба“, се наведува во листата препораки кои за Националната академија на науки Леполдина ги составиле 26 научници од различни области.

Предуслов за тоа е задржување на бројот на новозаразени на „ниско ниво“ за здравствениот систем да не биде оптоварен и одржување на хигиената, безбедната дистанца и задолжително користење заштитни маски во јавниот превоз, истакнуваат научниците.

Се советува и „системско следење“ на ширењето на заразата, меѓу другото и преку апликации. „Целта е да се предвиди развојот на епидемијата во период од една до две недели за да може навремено да се реагира“.

Се поголем број на доктори и медицински работници се разболени и се наоѓаат во карантин, па недостатокот на медицински персонал создава голем притисок врз германското здравство.

Владините мерки веќе го зголемија бројот на кревети за интензивна нега од 24 на 40 илјади, од кои повеќето се со обезбеден респиратор. Сепак, на германскиот здравствен систем му се потребни повеќе доктори и медицински персонал, а деновиве од институтот „Роберт Кох“ соопштија дека дури 2,300 доктори се во карантин или се заразени.

Поради ова, здравствените власти од Саксонија ги повикуваат на помош странските доктори, вклучително и мигрантите. Според податоци објавени на Фејсбук групата „Сириски доктори во Германија“, околу 14 илјади Сиријци чекаат дозвола за работа.

Еден од докторите кои би можеле да се придружат е Сафван Аднан Али кој од Сирија во Германија пристигнал во 2016-та година. Студирал општа хирургија во Латакија, а потоа се преселил во Ирак. Откако пристигнал во Германија, започнал да го учи јазикот и полагал испити.

Го чекав испитот, а потоа пристигна коронавирусот и се сопре. Кога беше објавен апелот, помислив дека навистина сакам да помогнам, да направам нешто корисно. Би сакал да ѝ дадам нешто на земјата која ми помогна многу, па веднаш го испратив моето CV, изјави Али.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here