дома Вселена Премиерот Зоран Заев по состанокот со министерката за внатрешни работи на Финска...

Премиерот Зоран Заев по состанокот со министерката за внатрешни работи на Финска Марија Охисало: Целосно сме посветени на борбата против корупцијата и владеењето на правото

323
0
АКЦИЈА

Премиерот Зоран Заев денеска имаше состанок со делегација на Република Финска предводена од министерката за внатрешни работи Марија Охисало.

Премиерот Зоран Заев на средба со министерката за внатрешни работи на Финска Г-ѓа Марија Охисало

Заев, како што велат од владината прес-служба, на средбата изразил благодарност за поддршката на Финска, која во моментов претседава со Европската Унија и напорите кои ги прави за Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

– Владата е целосно посветена да ги иницира и практично ги спроведува сите процеси со цел воспоставување на владеењето на правото, демократијата, борбата против корупцијата и обезбедување на стабилност и безбедност. Без почитување и применување на овие принципи е невозможно да се зборува за европска и евро-атлантска интеграција на нашата земја, рече премиерот Заев подвлекувајќи дека реформите во земјата ќе продолжат иако негативниот сигнал од ЕУ влијаеше врз внатрешните политички случувања во земјата, по што се закажани предвремени избори за 12 април идната година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here