дома Вселена Мицкоски: Народот нема ништо од тоа кога политичарите ќе речат “Извинете”

Мицкоски: Народот нема ништо од тоа кога политичарите ќе речат “Извинете”

308
0
АКЦИЈА

Јас верувам во принципи и вредности и силно ќе се залагам за нив. Со овие зборови претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им даде ветување на младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ дека доаѓа време во кое ќе видат поинаква слика за политичарот од онаа каква сме навикнале да ја гледаме овие 28 години.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Не смееме да го разочараме народот, ниту на функциите да гледаме како некое наследено право. Функцијата пред да биде првилегија, е одговорност. Одговорност кон народот и кон Македонија. Моето најголемо настојување ќе биде да има апсолутна правда и секоја неправда која ќе биде докажана, секоја злоупотреба која ќе биде направена да биде жестоко казнета, без оглед кој е од каде доаѓа и колку е близок со мене. Сигурно се запрашувате зошто посветувам толку многу внимание во настапите со испраќање на пораки до нашето членство, до идните пратеници  и оние кои ќе ја имаат одговорноста во Владата на ВМРО-ДПМНЕ? Сега предупредувам, укажувам што тие не смеат да прават, затоа што кога ќе дојдат на позициите, треба да знаете дека тогаш ќе дејствувам, и не сакам да рече некој, не кажавте, не предупредивте. Тогаш ќе биде касно, секое отстaпување од принципите и моралниот кодекс ќе биде санкционирано. Знаете, народот нема ништо од тоа кога политичарите ќе речат “извинете”. Вобичаено тогаш штетата е направена, а времето не се враќа. Мора да се дејствува пред да биде направена грешката, рече тој.

Мицкоски се задржа на принципите, кои, како што рече не се слово на хартија или напразно кажан збор, туку морален кодекс кој мора да го знае и применува секој кој ќе ја има одговорноста да му служи на народот.

Прво, нема да има предолго останување на функција, затоа што секоја таква појава, колку и таа успешно да се обавува, предизвикува рутинизирање, и чувство на самодоволност, и арогантност која доведува до одлепување од народот. И така се намалува квалитетот, а максимумот кој треба да се даде се сведува на минимум. Нам не ни требаат функционери кои ќе бидат заштитени како бели мечки. Функцијата не  го прави човекот, туку човекот ја прави функцијата, а таа е да му се служи на народот.

Второ, ако има некој функционер кој сака да обавува и функција и бизнис, нека заборави на тоа. Не може. Овој народ мора да има луѓе на позиции кои треба да им одговарат на барањата на граѓаните, а не на личните интереси.

Трето, мора да излезе на површина квалитетот на луѓето и нивните способности. И доколку има некој кој што е надвор од нашата коалиција и партија, а кој што е подготвен да се вложи со своето знаење и квалитет на одредена позиција ќе биде добредојден тоа да го направи. Бидејќи таквиот избор на квалитетни кадри носи бенефит за народот, за државата, па и за партијата, зошто граѓаните ќе ја наградат и партијата поради луѓето кои чесно и одговорно работат.

Четврто, администрацијата мора да се ослободи од стегите во кои сега работи. Реваншизмот не смее да биде слика која се повторува 28 години, туку тој треба да се замени со функционирање на правната држава и словото на законот. Треба да одговараат оние кои вистински се огрешиле спрема народот и законите. Треба да се плашат само оние кои нанеле зло и направиле криминал.

Петто, мора да бидеме достапна Влада за народот. Ако можам јас за еден месец да минувам илјадници километри низ нашата земја и да правам контакти со народот, тогаш тоа ќе мора да го прави и секој еден која ќе има одговорна позиција во новата влада. Мораме да ги слушаме и барањата на коморите, синдикатите, еснафските здруженија. Преку таквите консултации ќе прибираме идеи, размислувања, но и ќе се корегираме. Ќе формираме координативно тело раководено од министер кој ќе ја организира оваа работа.

Шестто, ќе имаме посоебно внимаие и почит кон верските заедници и религиозни групи согласно нашата идеолошка определба. Но, исто така ќе ги почитуваме и маргинализираните групи и сојузи нудејќи општество без предрасуди и стереотипи.

Седмо, силна eкономија, раст и развој. Образование кое е квалитетно, и модерно. Шанса за младите и посебна стратегија за борба против иселувањето. Ќе понудиме решенија како дел од план со кои мора да се спротивставиме на егзодусот со иселувањето. Да ги задржиме луѓето кои тука ќе градат иднина. Да обезбедиме правда без исклучок. Здравство со стандарди и квалитет. Земјоделие кое ќе нуди можности за земјоделците, култура со почит кон традицијата и модерното, и без влијание на политиката. Ова се основите кои ќе ги следиме во идната програма. И ќе се трудиме да оствариме што е можно повеќе, и ако нема реализација на ветеното, тогаш казната од народот ќе дојде. Нема да има мешање на политиката каде не ѝ е местото.

И уште сега да кажам, ќе ветуваме реални работи кои ќе ги реализираме. Не сум човек кој може се да каже и вети само за да ги направам тие околу мене и пред мене задоволни. Јас ќе го ветам само она во што верувам и знам дека ќе го остварам.

А за младите ќе имаме цел сет на мерки, нов пристап и нов начин за комуникација. Младите ќе бидат вреднувани и почитувани. Ќе имаме мерки со кој ќе им се помогне при вработувањето, ќе ги подобриме стандардите во образованието и пред се ќе ја имаат слободата која им недостасува. Партнерски одднос кој тие го заслужуваат, разговор на рамноправни, и почитувани индивидуи.

Осмо идните функционери да се откажат од луксуз. Нема да има трошоци за непродуктивни работи, и за личен комодитет. Не може народот да е на сол и леб, а функционерите да се луксузираат. Не оди тоа. Треба да се стави крај на таквиот морален хазард. Јас ќе бидам прв меѓу еднаквите.

Девето, имаме јасни стратешки партнерства со ЕУ, САД и НАТО. Ќе работиме за ЕУ, ќе работиме за стандарди, и принципи, да си ги признаеме слабостите за да одиме напред. А ниските страсти во политиката ќе ги оставиме на страна. Тие партнерства се базирани на меѓусебна почит и поддршка, на вредности и взаемен интерес, а не непотребно и недостоинствено додворување. Еден мој пријател од една голема Западна земја членка на НАТО во една прилика ми кажа, имаме проблем со Заев, се живо ветува насекаде, на никого не вика не.  Од мене нема да чуете приказни дека на некого ќе му го омекнувам срцето само за да ни прогледа низ прсти, туку ќе се засукаат ракавите и ќе се работи.

И колку луѓето од сегашната власт да не нарекуваат екстремни националисти, знаат дека ние сме луѓе родољуби и патриоти кои си ја сакаат земјата и ги бранат заедничките интереси. И кога говорам за македонизмот, говорам дека тој е основата на нашето општество на која треба да се развиваме, ниту антиквазицијата, ниту онаа насилна севернизација, туку македонизам како космполитска идеја која треба сите нас да не врзува и обединува.

Десетто, нема да бараме поддршка базирана на трговија со гласови, туку поддршка базирана врз програма и цели. Јас немам хипотеки кон никого во политиката, и јас и сите ние единствено можеме да обратиме кон оние кои не поддржуваат со работа и принципиелен однос.

Ова е моралниот кодекс составен од принципи и вредности, а следува и програма. А промените кон подобро ќе се почуствуваат во првите 100 дена од мандатот на новата влада, заврши Мицкоски.

Извор Весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here