дома Вселена Мицкоски на средба со Хајко Мас: Претстојат ПРОМЕНИ во државата

Мицкоски на средба со Хајко Мас: Претстојат ПРОМЕНИ во државата

312
0
АКЦИЈА
Министерот на Сојузна Република Германија за надворешни работи Г-динот Хајко Мас на средба со Д-р Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и секретарот за меѓународна соработка г. Тимчо Муцунски остварија средба со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија г. Хајко Мас, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-На средбата беше потенциран интересот за продлабочена соработка, и јакнење на политичката и економска соработка. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека претстојат промени во државата, пред се поради економските, но и политички потфрлања на Владата кои влијаат врз животот на граѓаните и немањето на концепт и визија на актуелната власт. Мицкоски истакна дека со оваа влада евроагендата завршува во слепа улица, иако интеграцијата во ЕУ преставува врвен стратешки интерес на Република Македонија. Тој посочи дека на загрижувачки високо ниво се корупцијата и криминалот против кој мора да се реализираат одлични чекори, а наместо тоа имаме гол популизам без резултати. Мицкоски посочи дека новата влада на ВМРО ДПМНЕ ќе води отворена политика и ќе вложува силен ангажман во подобрувањето на стандардот на граѓаните, а првите разлики ќе се почувствуваат во првите 100 дена по формирањето на владата, велат од партијата.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на средба со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија Г-динот Хајко Мас и Германскиот Амбасадор во Р. Македонија Н.Е. Томас Гербрих

Мицкоски истакна дека во Германија гледа искрен и силен сојузник изразувајќи подготвеност за продлабочена соработка во сферите од заеднички интерес со акцент на придвижувањето на европската агенда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here