дома Балкан Пендаровски се обидува да ја сруши бариерата помеѓу “обичниот граѓанин и нафатираниот...

Пендаровски се обидува да ја сруши бариерата помеѓу “обичниот граѓанин и нафатираниот политичар од Балканот”

445
0
АКЦИЈА
Претседателот Стево Пендаровски патува со редовна авионска линија на службено патување

Стево Пендаровски сподели слика на друштвените мрежи како патува накај Брисел со редовна авионска линија.

Како и многу претседатели и државници во светот меѓу кои неодамна и Себастијан Курц, за кој беше објавено видео како патува со редовна авионска линија како и сите останати патници, и на претседателот Стево Пендаровски не му пречи да патува со сите останати патници до закажаната дестинација, во случајов Брисел. Тој неодамна изјави и дека ќе се откаже од претседателската пензија со што сакаше да ја истакне својата посветеност на работната задача и воедно некоруптивност или зависност од било какви средства во извршувањето на професионалната функција, иако пензијата им следува на сите претседатели и се смета за средство кое му е потребно на претседателот и неговото семејство за основните животни потреби.

Овие гестови навистина заслужуваат почит од кого и да доаѓаат. Некои работи сами по себе се непремолчливи и добри во својата природа.

Скромноста е детал и особина која му фали на денешното време.

Стево Пендаровски со овие два потега навистина најави една нова до сега не видена независност и самосталност на нашите простори, и во нашата држава, во водењето на државата од претседателската функција. Според многумина денес кои ја видоа сликата, Пендаровски е оној кој ги руши бариерите помеѓу обичниот граѓанин и “нафатираниот политчар од Балканот”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here