дома Балкан Во домот на АРМ се одржува работилница за континуирано унапредување

Во домот на АРМ се одржува работилница за континуирано унапредување

387
0
АКЦИЈА
Учесниците на работилницата за континуирано унапредување во домот на АРМ

Работилница за континуирано унапредување (Civil Military EmergencyPreparedness (CMEP)
Од 20 до 23 мај, во Домот на АРМ во Скопје се одржува Работилницата за континуирано унапредување планирана со програмата Civil Military EmergencyPreparedness (CMEP). Oвој настан претставува континуитет во долгогодишната плодна билатералнасоработка на Република Македонија со Соединетите Американски Држави во разни сегменти на безбедноста и одбраната. Оваа Работилницата е прва од серијата на работилници од областа на управувањето со кризи, предвидени за 2019 година со програмата за Цивилно воена соработка (ЦМЕП) помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Агенцијата зa oдбранбено безбедносна соработка на САД, односно со Инженерискиот корпус на Армијата на Соединетите Американски Држави (US Army Corps of Engineers).

Целта на оваа работилница, каде сите заедно со наше крајно сериозно и синхронизирано ангажирање, врз основа на извршена анализа и евалуација на минатогодишната ТТХ вежба „Сеопфатен одговор – Водно 2018“,преку идентификација на добрите страни и на областите кои треба да се подобрат, во континуитет да ги унапредуваме националните цивилно-военикапацитети/способности и интер-институционалната координација и соработка присправувањето со природни или од човек предизвикани катастрофи, односно да се надминат одредени слабости и празнини и да се градат и одржуваат основни способности за успешно справување во случај на итни и кризни состојби, што вклучува подобрување на правната регулатива и стандарните оперативни процедури, подобрување на плановите за вежбовни активности предвидени за едукација и тренинг на човечките капацитети но и модернизирање на опремата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here