дома Балкан Денес е националниот ден на Власите

Денес е националниот ден на Власите

385
0
АКЦИЈА

Признавање на националната самобитност на Власите

23 Мај, националниот ден на Власите

Султанот Абдул Хамид II на 23 мај 1905 година потпишал “Ираде“ (Проглас), со кој на Власите им биле доделени национални права во Отоманското царство, можност за избор на свои „муктари“ (градоначалници), можност за настава на влашки јазик во училиштата и богослужба на влашки јазик во црквите. На истиот ден, Везирот Сафет Паша го потпишал и го издал „Коминикето“ со кое на Патријаршијата ѝ се забранува попречување на изведувањето на националните права, правата за јазик и богослужба. Овој ден се одбележува како „Национален ден на Власите“ од формирањето на првите пост-комунистички влашки здруженија од страна на сите Власи на Балканот и пошироко. Со измените во законот за државните празници на Република Македонија, овој ден е прогласен за државен празник на Република Македонија за граѓаните од влашката етничка заедница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here