дома Балкан Мостот Врла, најубав архитектонски зафат на коридорот 10 и овој дел од...

Мостот Врла, најубав архитектонски зафат на коридорот 10 и овој дел од Балканот

474
0
АКЦИЈА
Мостот Врла навечер во боите на српската тробојка

Бисерот на новоотворениот крак од коридорот десет е Мостот “Врла”- Владичин Хан- Грделичка клисура. Мостот “Врла”е долг 644,40 метри. Поставен е на 13 столбови од кои најголемиот е 62 метри. Мостот “Врла” е еден од подолгите на Балканот и најдолг на коридорот 10 кој ги поврзува патиштата на југот на Србија и овдешниот дел на Балканот. Врла навечер свети во боите на Српското знаме, светло кое може да се види од авионски височини. Покрај ефикасноста на овој дел од коридорот кој Скопје и Белград ги поврзува за време од три и пол часа, време за кои некои луѓе во западниот свет стигнуваат од дома до работното место, мостот “Врла” се наметнува и како најмодерно архитектонско остварение кое му дава посебна убавина на коридорот.

Мосот Врла во Владичин Хан

Во некои поодамнешни времиња како и денес на Балканските држави им беа упатувани критики заради не ефикасната инфраструктурна поврзаност. Дури и во книгата “The Balkans” на Марк Мазовер кој е врвен Британски експерт и Балканолог од светски размери се упатуваат критики базирани на искуствата на странските туристи и луѓето од Балкнанот, дека Балканските патишта се лоши, компликувани, бавни и немаат доволно тоалети каде што луѓето кои патуваат би можеле да ги извршат своите физиолошки потреби и со тоа да бидат безбедни при патувањата.

Видео презентација од изградбата на мостот Врла

Овој крак од коридорот 10 уште на самиот почеток ги ублажи острите критики на балканците и странските туристи, па и оние во светската литература како на Марк Мазовер.

За нас се отвара многу пократок пат до источно европските држави и до западно Европските преку истиот потег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here