дома Балкан Ѓоковиќ во финалето во Рим. Со Надал за трофејот

Ѓоковиќ во финалето во Рим. Со Надал за трофејот

384
0
АКЦИЈА
Новак Ѓоковиќ сервира на Мастерсот во Рим

Рим – Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се избори за пласман во финалето на Мастерсот во Рим со триумф над Аргентинецот Диего Шварцман 6:3, 6:7 (2:7), 6:3.

Ѓоковиќ ја оправда улогата на фаворит против 24-те играчи во светот, ама со големи маки, и доби прилика за пети трофеј во главниот град на Италија. Ривал ќе му биде рекордерот со осум титули во главниот град на Италија, Шпанецот Рафаел Надал, со кој го дели рекордот по освоени Мастерси (33). Ќе биде тоа нивен дури 54. меѓусебен дуел, а српскиот ас води со28:25. Мастерсот во Рим се игра за награден фонд од 9.243.818 евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here