дома Вести Голема заинтересираност кај затворениците Гласале 74,13 %

Голема заинтересираност кај затворениците Гласале 74,13 %

408
0
АКЦИЈА

До 19 часот, во затворите гласале 74,13% од запишаните гласачи, кои на број се 1.640. Гласањето поминало непрекинато и без проблеми.

Во единствениот центар за внатрешно раселени право на глас имаа 7 лица.

-На овие претседателски избори првпат гласаа гласачи во два старечки дома во Скопје, а од 71 гласач, правото на глас го остварија 65, односно 91,54%, рече Љупка Гугучевска од ДИК.

Избирачките одбори беа одговорни за гласањето на болни и немоќни или лица во куќен притвор.

-Во своите домови, гласачкото право го остваруваат 4.407 граѓани кои се пријавиле како болни и немоќни и 12 кои се пријавиле како лица во куќен притвор, објасни Гугучевска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here