дома Балкан Раководството на ДУИ се сликаше со симболот на “Голема Албанија”

Раководството на ДУИ се сликаше со симболот на “Голема Албанија”

485
0
АКЦИЈА

Челниците на ДУИ пред некој ден отворено позираа со знакот на “Голема Албанија”, две споени раце на палците, отворени со дланките навнатре и раширени прсти репрезентирајќи го орелот кој е симбол на албанското знаме кој долетува во секоја земја каде што има албанци.

Заради прикажување на овој симбол фудбалерот на Швајцарија од албанско потекло Гранит Џака беше ригорозно казнет од УЕФА. Во Србија и Црна Гора овој знак како и секаде на Балканот се поврзува со призренската лига и стремежот за остварување на идеалот сите Албанци во една држава.

За разлика од УЕФА кој овој знак го смета за провокација и опасен по меѓуетничките односи на Балканот, и најригорозно казниво дело, во Македонија никој не реагираше на оваа провокација од страна на раководството на ДУИ.

Па оттаму се поставува прашањето да ли ДУИ навистина се залага за добри меѓуетнички односи како што тоа декларативно го тврди, или сепак со прикажувањето на овој знак се залагаат за нешто поинакво од меѓуетнички добри односи.

Како и во Србија и Црна Гора, така и во Македонија за многумина граѓани овој знак представува симбол на “Голема Албанија” и според тоа е непријатно чувство за повеќето граѓани од неалбанска припадност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here