дома Балкан Иванов загрижен за иднината на државата, албанските партии го бојкотираа неговиот говор,...

Иванов загрижен за иднината на државата, албанските партии го бојкотираа неговиот говор, Опозицијата го поздрави говорот

470
0
АКЦИЈА


Претседателот Ѓорге Иванов во новогодишниот говор со многу критики и забелешки. Тој обвини дека со Преспанскиот договор се загрозува македонскиот идентитет, додека Договорот со Бугарија ја втурнал државата во лавиринт од кој тешко ќе може да излезе. Претседателот исто така говореше и за т.н. Тиранска платформа, чие постоење, како што вели, го докажал Законот за употреба на јазиците.

Првиот човек на државата ја критикуваше и идејата дека во пописот на населението да не се запишува етничката припадност, попис без кој како што вели, ќе пропадне и Охридскиот договор. Говорот на Иванов го бојкотираа пратениците од албанските партии, како и дел од пратениците од редовите на СДСМ. Оние кои присуствуваа неколкупати му дофрлуваа на Иванов.

Законот за амнестија за учесниците во 27 април, го нарече закон со двојни стандарди, но сепак ги откри причините поради кои го потпишал.

Говорот кој траеше околу еден час, Иванов го искористи и за да ја негира неговата вмешаност во настаните од 27 април и можното сценарио за прогласување на воена состојба. Иванов се пожали дека е прислушуван

Од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ доби поддршка и аплауз, а реакции од СДСМ и ДУИ. Пратеникот Костадинов го обвини Иванов дека лаже и дека работи против државните интереси.

Денешниот говор на Иванов во Собранието е последен, бидејќи во април 2019 година му истекува и вториот мандат како Претседател, а според Уставот нема право трет пат да се кандидира

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here