дома Вести Мијалков чека прекоманда од Шутка во Мериот читајќи мемоари на американски лидери

Мијалков чека прекоманда од Шутка во Мериот читајќи мемоари на американски лидери

416
0
АКЦИЈА

Сашо Мијалков кој втор месец е во притвор во истражниот затвор Скопје попознат како Шутка, нестрпливо чека, како што велат изворите на Либертас, затворскиот притвор да му биде заменет со куќен за кој СЈО веќе достави барање до судот.

Тој е сам во келијата и досадата ја пополнува читајќи мемоари на американски лидери, откриваат нашите извори.

Во собата во која е сам веќе не било студено откако тој се пожалил на студот па му била донесена греалка. Инаку во затворот само два часа дневно се затоплувале просториите.

Притворениот Мијалков на кого судот најверојатно ќе му го укине затворскиот притвор со куќен, ќе го издржува, по се изгледа, во неговиот хотел Мериот на чија што адреса имал и лична карта.

Тој беше однесен во Шутка од хотелот Мериот каде што има апартман и кабинет.

Превземено од:Либертас

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here