дома Балкан Подароци за учениците во Старо Нагоричане

Подароци за учениците во Старо Нагоричане

412
0
АКЦИЈА

По повод новогодишните и божиќни празници, Обединетата српска заедница од Куманово, подели пакети со топла облека и обувки за учениците во основното училиште Светозар Марковиќ и Интернатот во селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане.

Обединетата српска заедница од Куманово сакаше да им ги разубави празниците на дечињата од руралните средини, а пред се од планинските сека, на кои во овој период од годината им особено неопходна топла облека и соодветни обувки. Со помош на нашите членови и пријатели, ги обезбедивме подароците. Целата акција се одвиваше во координација со градоначалничката Жаклина Јовановска и директорките на улилиштата. Нашата активност нема да застане тука, ние и во наредниот период ќе помагаме на социјално ранливите категории семјства, кои не можат да се снајдат најдобро во ова брзо и турбулентно време, – изјави Часлав Јовановиќ, претседател на здружението.

Превземено од Kumanovo News

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here