дома Балкан Српската заедница во Македонија ја одбележа 106-годишнината од Кумановската битка

Српската заедница во Македонија ја одбележа 106-годишнината од Кумановската битка

560
0
АКЦИЈА

Српската заедница во Македонија заедно со посетители од Србија ја одбележа 106 годишнината од Кумановската битка на споменикот Зебрњак блиску до Куманово. Со овоаа победа е ставена точка на Османлиското владеење на Балканот, и оваа победа се смета како тотално расчистување со османлиите на Балканот.

Представниците на српската заедница во Македонија изразија надежи и верувања дека споменикот треба да се реновира и врати во својата првобитна состојба, каков што бил пред да го демолира и руинира бугарската војска.

Овој ден е многу значаен ден од историјата на Србија која се одиграла на македонска почва.

Српската заедница во Македонија заедно со амбасадата на Р. Србија во Македонија и со посетители од Србија и пошироко секоја година традиционално го обележува овој битен ден за нив од српската историја, со положување на венци во чест на постраданите српски војници.

Како и секоја година во ова време, студеното време не ги спречи посетителите да дојдат и оддадат почит кон загинатите во борбата против османлиите.

Присутни беа од политичките партии на Србите во Македонија како и многубројни српски здруженија и организации кои работат во рамките на Македонија, а се занимаваат со зачувување на српската култура, традиција и историја на овие простори.

А.А.Ц.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here