дома Вселена Петар Милетиќ доста више со анти-српска хистерија

Петар Милетиќ доста више со анти-српска хистерија

521
0
АКЦИЈА


Во дебатна емисија на ТВ24, Преседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја оквалификува Србија како земја која има претензии кон територијалниот интегритет на Република Македонија и ја претстави како најголема опасност за државава.
Ако првиот човек на ЗНМ јавно презентира ваков неаргументиран став, нормално е и останатите медиуми да шират анти-српска хистерија. И нели е тоа поттикнување на национална омраза, поделби и удар врз соживотот во Р.Македонија?
Има ли на ум првиот човек на ЗНМ дека создава сериозна почва за состојби кои никој не ги посакува? Знае ли Селмани дека Србите во Македонија се најлојалното малцинство кое е секогаш подготвено конструктивно да придонесе во сите општетсвени кризи и ситуации.
Да г-дине Селмани, такви сме, но ве уверувам дека пред сè и над се сме достоинствени и горди и не дозволуваме никој, ама баш никој да гази по нашето достоинство и гордост.
Бараме, јавно да се извините и докажете дека Вашите тврдења се неосновани и тенденциозни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here