дома Балкан Захариева вели дека Илинденското востание само географски се одиграло во Македонија, инаку...

Захариева вели дека Илинденското востание само географски се одиграло во Македонија, инаку тоа е во основа бугарско востание

471
0
АКЦИЈА

„Не прифаќаме поуки од партија која ги предаде коските на Гоце Делчев на титова Југославија“, вели шефицата на бугарската дипломатија и вицепремиер , Екатерина Захариева, која застана во одбрана на премиерот Бојко Борисов откако тој беше критикуван дека не реагирал на изјавата на Зоран Заев дека Илинденското востание е – македонско.

Борисов беше критикуван од Корнелија Нинова, лидер на бугарските социјалисти (БСП) кои реагираа на изјавата на маедонскиот премиер, по заедничкото положување цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Благоевград.

„Го читам повикот на Корнелија Нинова кон премиерот веднаш да ги заштити бугарските национални интереси од премиерот Зоран Заев, кој ги поставил на искушение кревките темели на добрососедството.

Да, Илинденското востание, географски може да биде наречено и македонско, и тракиско, но историски е бугарско.

Само пред неколку дена премиерот Зоран Заев оддаде почит на споменикот на Гоце Делчев на прославата во Благоевград, на која беше подвлечен бугарскиот карактер на Илинденско-Преображенското востание за ослободување на Македонија и Тракија.

Госпоѓо Нинова бидете мирни, владата ги штити нашите национални интереси“, порача Захариева.

Захариева додаде дека „не прифаќање ме поуки како треба да се бранат националните интереси од партија која во 1946 година предаде коските на Гоце Делчев на Титова Југославија. Истата партија-држава го менуваше насилно идентитетот на сопствените граѓани и ги тераше да се изјаснуваат како Македонци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here