дома Балкан Обедината македонска дијаспора повика на бојкот на референдумот

Обедината македонска дијаспора повика на бојкот на референдумот

461
0
АКЦИЈА

Организацијата на македонски иселеници во САД, повика да се бојкотира распишаниот референдум за договорот со Грција. Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) смета дека вака прашањето на референдумот е неприфатливо поради својот манипулативен карактер кој го крие вистинскиот исход од договорот со Грција, кој подразбира промена на името на државата во Република Северна Македонија и бришење на македонската историја и посебност. Воедно, отсуството на опозицијата и експертската јавност при усвојувањето на референдумското прашање, како и консултативната природа на референдумот кој овозможува политичко самоволие без разлика на јавното мислење, ОМД смета дека ги доведуваат во прашање законските и демократски стандарди на земјата.

Според светските научни и политички практики, консултативниот референдум е алатка на партиципативната демократија која служи за консултирање на јавното мислење ПРЕД (а не после) потпишување на еден билатерален или мултилатерален договор. Оттука, распишувањето на консултативен наместо обврзувачки референдум кој се проценува на трошок од 3,5 милиони евра , не само што претставува преседан, туку и огромен трошок за државата, чиј народ на 8 Септември 1991 година со мнозинство од 95% се изјаснил за суверенитетот, идентитетот и името на својата земја, велат од ОМД.

ОМД се приклучи на неформалното движење „Ние Сме Македонија“ за бојкот на референдумот распишан за 30 септември и го истакна ставот дека секогаш биле против ваков вид на референдум.

Превземено од Телма

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here