дома Балкан Дедото на Јелена Ѓоковиќ најден врзан, Ѓоковиќи благодарни на полицијата за брзата...

Дедото на Јелена Ѓоковиќ најден врзан, Ѓоковиќи благодарни на полицијата за брзата реакција

177
0
АКЦИЈА

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти денес дека припадниците на полицијата во Лјиг утрово пронашле маж (80) врзан за метална конструкција, како и дека при тоа немал никакви видливи повреди.

Тој, како се наведува, на полицијата и раскажал дека сабајлевбо, околу три сатот после полноќ, во неговата куќа влегле двајца маскирани разбојници кои од новчаникот му земале околу 26.000 динари и мобилен телефон, а потоа го изнесле од куќата и го врзале за металната конструкција која се наоѓа во близина на куќата.

Ѓоковиќи благодарни на полицијата за брзата реакција

Семејството на Мирослав Радисављевиќ (85), дедото на Јелена Ѓоковиќ, супругата на тенисерот Ѓоковиќ, соопшти дека е во потполн шок заради немилата случка која се случила ноќеска во Љиг.

Во соопштението на тимот на Ѓоковиќ за односи со јавноста доставено на медиумите се наведува дека двајца напаѓачи ноќеска упаднале во куќата на дедото на Јелена, Мирослав, го киднапирале и го однеле во поле оддалечено неколку километри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here