дома Свет Скај: Принцот Чарлс избран за нов водач на Комонвелтот

Скај: Принцот Чарлс избран за нов водач на Комонвелтот

452
0
АКЦИЈА

Шефовите на државите членки на Комонвелтот го избраа принцот Чарлс за нов водач, кој на тоа место ќе ја замени британската кралица Елизабета Втора.

Телевизиската станица “Скај” јави, повикувајќи се на извори, дека одлуката е донесена на состанокот на шефовите на владите на земјите на Комонвелтот во Виндзор.

Имаше повици позицијата на поглавар да биде ротирачка меѓу 53 земји членки, од кои повеќето биле британски територии, но последните денови кралицата, британската Влада и другите лидери го подржале принцот од Велс на таа положба.

Поглаварот на Комонвелтот не учествува во директната управа на оваа организација, ниту на било која нејзина држава членка. Траењето на мандатот не е дефинирано, ниту ограничено.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here