дома Балкан Грција со порака до Истокот и Западот: Доста ги затваравме очите пред...

Грција со порака до Истокот и Западот: Доста ги затваравме очите пред вас

533
0

Времето кога Грчката дипломатија ги “затвараше очите” пројде, а против секого кој не го почитува и го нарушува националниот суверенитет ќе бидат превземени мерки, им порача денес на “Истокот и Западот” министерот за надворешни работи на таа земја Никос Коцијас.

“Грција одлучи да им испрати порака и на Истокот и на Западот, на сите наши пријатели и на оние кои тоа не се, дека спрема секој кој ги нарушува принципите на националниот суверенитет и почитувањето спрема нас, ќе бидат покренати мерки. Времето во кое грчкта дипломатија ги затврараше очите пројде”, рече Коцијас во интервјуто за грчката новинска агенција АНА.