дома Свет Сноуден го замоли Трамп да го помилува Асанж и така да му...

Сноуден го замоли Трамп да го помилува Асанж и така да му го спаси животот

242
0
АКЦИЈА

THE NEW YORK TIMES: Трамп има намера во наредните неколку недели да помилува повеќе лица

* Џулијан АСАНЖ  е моментално во лондонски затвор. Одлуката за неговото испорачување на САД треба да биде објавена на 4. јануар 2021. Тој во САД е оптужен за кршење на законот за шпионажа, за завера и хакирање на владините компјутери 2016. година. Му се закануваат 175 години затвор.

* Во септември се дозна дека Трамп уште во 2016 му нудел помилување на Асанж ако ги открие информациите за хакирањето мејловина Демократскиот национален комитет, односно раководството на демократската партија на САД.

       БИВШИОТ американски обавештаец и обавештаен аналитичар Едвард Сноуден, кој во последниве години живее во егзил во Русија, му се обрати преку ТВИТЕР на ДОналд Трамп со молба да го помилува оснивачот на WikiLEaks Џулијан Асанж.

       На Актуелниот Американски претседател му порача дека само тој може да му го спаси животот на Асанж.

       Претходно The New York Times –  повикувајќи се на „сопствени извори“ – објави дека Трамп има намера да помилува повеќе особи одеднаш.

       Иситиот тој лист кој е ударна тупаница на антитрампизмот, тврди дека тој веќе ја разгледувал можноста „однапред да ги помилува своите деца, зетот и својот главен адвокат Руди Џулијани“.

       При крајот на ноември американската конгресменка од Хаваи Тулси Хабард му предложи на Трамп да ги помилува Сноуден и Асанж.

       Во Октомври адвокатот на Сноуден Анатолиј Кучерена откри дека неговиот клиент, кој во меѓувреме добил дозвола за престој во Русија на неодредено време, нема да ја напушти Москва се додека американските власти не прекинат кривично да го гонат.

       Асанж е моментално во лондонски затвор во кој доспеа по што амбасадата на Еквадор, во која се криеше од 2012 го испорача на британските власти.

       Одликата за негово испорачување на САД треба да биде објавена на 4. јануар 2021.

       Тој во САД е оптужен за кршење на законот за шпионажа, за завера и хакирање на владини компјутери 2016 година. И му се закануваат 175 години затвор.

       Во септември се дозна дека Трампуште во 2016 му нудел помилување на Асанж ако открие информации за хакирање на мејловите на Демократскиот национален комитет, односно-раководството на Демократската партија на САД…

Fakti.rs

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here