дома Балкан Денес почина Никола Саздовски по неколкудневна кома

Денес почина Никола Саздовски по неколкудневна кома

422
0
АКЦИЈА

Дваесет и едно годишниот Никола Саздовски, кој на 29-ти минатиот месец беше физички напад, им подлегна на повредите по неколкудневна кома, соопштија од КАРИЛ кадешто се лечеше од тешките повреди.

Во полицискиот билтен на 30-ти минатиот месец, МВР објави дека претходниот ден на 29-ти во времето од 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.По физичкиот напад, лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, информираа тогаш од полицијата.

Истата вечер, двајца од наѓачите беа уапсени.

Во врска со нападот кривична пријава беше поднесена против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје, соопшти два дена потоа МВР.

Б.Б.(20), С.Д.(21) беа лишени од слобода и одредена им е мерка притвор

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here