дома Вести Немири во ДУИ: Се судрија вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи

Немири во ДУИ: Се судрија вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи

443
0
АКЦИЈА

Партиски извори за „Газета Лајм“ велат дека во ДУИ има големи немири и расправии.

Според овие извори кои сакаат да останат анонимни, судирот се случил меѓу вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи.

Причина за оваа расправија, се вели дека се неуспешните политики на Османи во областа на евроинтеграциите и неговата тенденција овој неуспех да го покрие мешајќи се во други области кои не се во негова надлежност, нешто што му сметало на Хазби Лика.

Овие информации официјално не се потврдени од ДУИ, а изворите не откриваат која страна во оваа „расправија“ ја зазеде претседателот на партијата, Али Ахмети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here