дома Македонија Пожар во „Макстил“: Гореше старо железо, гаснеа 9 пожарникарски возила

Пожар во „Макстил“: Гореше старо железо, гаснеа 9 пожарникарски возила

524
0
АКЦИЈА

Отпадно железо пред рециклирање синоќа во 23.20 часот се запалило во фабриката „Макстил“ во Скопје при што интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар.
Поради високата температура и густиот чад што се развиле од пожарот, дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод и едно противпожарно возило од рафинеријата „ОКТА“.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески изјави дека опожарени се околу 500 кубни метри складирано железо и оти се уште се работи на терен.

– Температурата е намалена и почнува да се работи на физичко отстранување на материјалот и негово догаснување, изјави Томески.

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here