дома Забава Србија и Словенија во финале на Евросонг 2018

Србија и Словенија во финале на Евросонг 2018

450
0
АКЦИЈА

Португалија- Србија, Молдавија, Унгарија, Украина, Шведска, Австралија, Норвешка, Данска, Словенија и Холандија се десетте финалисти од синоќешната, втора полуфинална вечер кои ќе настапат на финалето на Евросонг утревечер, во 21 часот, во арената „Алтис“ во Лисабон.
Десетте финалисти од 19 земји кои учествуваа во првото полуфинале се: Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска.

Дваесетте финалисти беа избрани со гласови добиени по пат на 15-минутен телевоутинг на ТВ-публиката и од стручни жирија на земјите што учествуваа.

Нашиот претставник „Ај кју“ не успеа да се пласира во финалето со песната „Lost and found“ .

Александар Рибак, кој во 2009. година ја однесе победата во Русија, ја отвори втората полуфинална вечер во Лисабон. Нему му прападна и честа да ја изведе 1.500 композиција на овој музички натпревар.Оваа година Норвешка ја претставува со песната „That’s How You Write A Song”.

Утре во финалето освен 20 земји избрани во двете полуфиналиња, ќе се натпреваруваат и уште шест земји – домаќинот Португалија и големата петорка: Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство. Од тие 26 земји ќе се избере победникот за 2018 година кој ќе биде и домаќин на следната Евровизија.

Победата на Португалија лани од Киев и ја донесе пејачот Салвадор Собрал со баладата „Amar pelos dois“ (Љубов за двајца) која ја напиша неговата сестра.

Превземено од Независаен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here