дома Македонија Руската амбасада синоќа го одбележа денот на космонаутиката пред споменикот на Јуриј...

Руската амбасада синоќа го одбележа денот на космонаутиката пред споменикот на Јуриј Гагарин во Скопје

163
0
АКЦИЈА

На 12 април оваа година по повод Меѓународниот ден на космонаутиката Амбасадата на Русија во Македонија одржа традиционална церемонија на положување цвеќе пред споменикот на Јуриј Гагарин кој се наоѓа на истоимената улица во центарот на македонската престолнина.

Меѓу многубројните гости на настанот беа присутни делегација од Советот на град Скопје предводена од Претседателот Љубица Јанчева, дипломати од МНР на Македонија, амбасадори и дипломати на странски држави, претставници на деловни, образовни и научни кругови, новинари, руски сонародници.

Во својот поздравен говор Амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, раскажа за значењето на првото полетување на човекот во Вселената и современите трендови во неговото освојување, истакна дека «во моментот најважно е да не се дозволи милитаризација на вселената, да се обединат напорите и ресурсите на сите заинтересирани земји за оствавурање на големи вселенски проекти.Добар пример за ефикасна заедничка меѓународна соработка претставува дејноста на Меѓународната вселенска станица».

По церемонијата Амбасадата организира масовно пуштање балони со ликот на Јуриј Гагарин

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here