дома Свет Вучиќ: Невозможно е да се оптужи Русија без докази

Вучиќ: Невозможно е да се оптужи Русија без докази

621
0

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави оти Србија смета дека е невозможно да се оптужи Русија за труење на бившиот двострук таен агент Сергеј Шкрипаљ и неговата ќерка Јулија без никакви докази.

Тој тоа го рече во интервјуто за телевизијата “Русија 24”.

“Србија го осудува користењето на хемиско оружје ширум светот, но без докази невозможно е да се обвини Русија за такво нешто. Дури и Европската унија донесе одлука да ја осуди русија на основа на британските тврдења оти постои голема веројатност дека тоа го направила Русија. Не треба така да се реагира”, рече Вучиќ.