дома Македонија Фридом хаус: Македонија светла точка во минатата година

Фридом хаус: Македонија светла точка во минатата година

462
0
АКЦИЈА

Фридом хаус во денеска објавениот извештај „Земји во транзиција 2018“ наведува дека меѓу светлите точки во минатата година е Македонија.

Притоа се нагласува дека смената на власта во Македонија во јуни лани донесе шанса да се смени долгогодишното запленување на државата и да се решат долготрајните спорови со соседите кои го попречуваат развојот на земјата.

Во извештајот Македонија и натаму е во групата земји „преодна влада или хибриден режим“.

Фридом хаус констатира дека во Централна и Источна Европа нападите врз опозициските партии, печатот и невладините организации стануваат норма, а ширењето на нелибералната политика ги поткопува темелите и изгледите за демократија. Во 23-тото издание на годишниот извештај на Фридом хаус за демократијата во Централна и Источна Европа, Балканот и Евроазија, се наведува дека нациите во транзит го регистрираа најголемиот пад во 23-годишната историја на проектот: 19 од 29 земји забележуваат пад на демократија.

Превземено од IPORTAL

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here