Мицкоски: Погрешен Одговор е полош отколку никаков одговор
Има една максима која што вели дека погрешен одговор е полош отколку никаков одговор, изјави претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе води кампања против референдумот или за бојкот на референдумот. – Ако вие барате од ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни тогаш ќе мора да причекате партијата да ги заврши сите овие консултации кои што ги најавивме и...
Во сабота средба на Путин и Меркел во Германија
Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се состане со претседателот на Русија Владимир Путин во сабота како би разговарале за војната во Сирија, насилствата во Источна Украина и на енергетски теми, изјави портпаролот на германската влада. Средбата ќе се одржи во владината палата Мезеберг, 65 километри северно од Берлин, пренесе Ројтерс.
Норвешка: Министерот за рибарство поднесе оставка поради приватните патувања во Иран и Кина
Норвешкиот министер за рибарство Пер Сандберг денес поднесе оставка по оштрите критики дека ги прекршил безбедносните протоколи со тоа што приватно патувал во Иран и Кина, а за што не ја обавестил владата. Сандберг (58) не ги навел причините заради кои однапред не ги извстил надредените за тие патувања - за одморот во јули во Иран каде што бил со...
Зоран Заев, Али Ахмети и претсавник на ВМРО-ДПМНЕ се обратија на панелот по повод 17 години од охродскиот рамковенм договор под име “патот до Брисел преку Охрид”
На панелот по повод одбележување на 17 години од охридскиот рамковен догововор насловен "патот до Брисел преку Охрид" говореше премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претсавничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие дадоа свои одговори на тема придобивите од охридскиот рамковен договор. Прв се обрати премиерот Зоран Заев кој им се заблагодари на политичарите кои пред седумнаесет...
Заев на Фејсбук: Гордо влегуваме во Европа
Со договорот македонскиот идентитет е заштитен. Граѓаните на Македонија влегуваат гордо во НАТО и ЕУ. Време е за одлука! Одиме напред во НАТО и ЕУ, напиша синоќа премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил. Постот е дел од владината кампања за есенскиот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа со кој се решава спорот за...
(ВИДЕО)Тевдовски: Граѓаните ќе имаат увид за секој потрошен денар од државната каса
Министерството за финансии презема низа чекори за подобрување на транспарентноста. До крајот на годината граѓаните ќе можат да ги видат исплатите од државната каса и секој потрошен денар ќе биде објавен, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски. Министерот информира дека во тек е подготовка на платформа со која јавноста ќе има увид во сите трошења од трезорот. https://www.youtube.com/watch?v=sK-XSPC8TxQ
Зимбери: Ако пропадне референдумот Албанците со или без Македонците ќе продолжат кон ЕУ и НАТО. Каролина Ристова-Астеруд со одфговор: муабетов ви е збогум на паметта
Абедин Зимбери, поранешен пратеник и командант на ОНА во 2001, на својот ФБ профил, со наслов ,,Реципроцитет на меѓуетничко почитување“, пишува дека Албанците нема веќе да го трпат непочитувањетоа од Македонците и порачува дека нивниот пат кон ЕУ и НАТО ќе продолжи со или без Македонците: ,,Албанците во Македонија ќе се борат до крај заедно со Македонците, државата како...
Зуроф ловецот на нацисти: Изарлсикте авиони на обележувањето на Олуја не се добра порака
Директорот на центарот "Симон Визентал" во Ерусалим и ловец на нацисти, Ефраим Зуроф, го критикуваше учеството на израелски борбени авиони на обележувањето на операцијата Олуја во Хрватска. Не е добра порака кога борбени авиони на воздухопловството на израелските сили учествуваат на случување од минатото во кое се протерани стотина илјади луѓе од своите домови, рече Зуроф за Новости.
Температурата во Јадранот годишно расте за 0,6 степени
Просечната температура на водата во Јадранското море секоја година пораснува за 0,6 Целзиусови степени, соопшти институтот за биологија на морето во Котор. Како што се укажува, тоа му погодува на развојот на инвазивни билни и животински видови.
Прашајте ги вашите дедовци како се разговара со Русија, им порача Шојгу на Германците
ЕВРОПАПрашајте ги вашите дедовци како се разговара со Русија, им порача Шојгу на ГерманцитеОбјавено пред 2 часа - 12 август, 2018Од Mak Fax Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, им порача на германските политичари да не се обраќаат кон Русија од позиција на сила, туку да се сетат на лекциите од историјата. „Што се однесува до изјавата… Ако зборуваме конкретно за...









