Зоран Заев го чекаат две столчиња, и премиер и министер за финансии
Претседателот на Владата Зоран Заев покрај премиер ќе биде и министер за финансии. „Обврската за министер за финансии, покрај премиерската функција ќе ја вршам јас одреден период. Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. Тевдовски ќе работи околу мене, како советник. Следуваат храбри одлуки од кои бенефит ќе имаат сите граѓани“, рече Заев.
Парванов: Илинденското востание е бугарско, во Македонија се раѓа антибугарски македонизам
Бившиот претседател на Бугарија Георги Парванов, изјави по повод најновите спорења на Софија и Скопје околу македонскиот национален идентитет, дека се раѓа антибугарски македонизам во најгруба форма, порачувајќи истовремено дека Илинденското востание било бугарско по својот карактер. Бугарија и Македонија потпишаа во 2017 договор за добрососедски односи. А Парванов во интервју за 24 вести говореше за актуелните прашања меѓу двете...
Војската на САД изведе сајбер напад на Иран
Американската војска изведе сајбер напад на компјутерските системи на иранската армија по што американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од плановите да изведе конвенционален воен удар на Иран заради оборување на дронот на САД, соопштија денес американските официјални лица. Сајбер ударите се изведени на Трампово одобрение, потврдија две официјални лица за АП, но не сакаа да бидат именувани.
Србите знаат да ценат кој застанува во одбрана на нивните интереси. Чепурин: Русија ќе и помогне на Србија во онаа мерка во која таа ќе го побара тоа.
Во последните години во Србија е формиран прагматичен и професионален тим каков што порано не постоел, а клучен фактор беше посветеноста на Александар Вучиќ во одбрана на виталните интереси на државата, вклучувајќи ги и оние врзаните за марионетската творевина Косово, вели амбасадорот на Русија во Белград Александар Чепурин. Чепурин во интервјуто за политика при крајот на седмогодишниот мандат порачува дека...
Српската актерка од македонско потекло Елизабета Ѓоревска ќе го отвори фестивалот на монодрама и пантомима во Белград
Актерката со македонско потекло Елизабета Ѓоревска ќе го отвори фестивалот на монодрама и пантомима кој од 27. до 30. јуни ќе се одржува во куклениот театар Пинокио во Белград, а на самиот чин на отварањето ќе му предходи ревија на костими која ја приреди костимографката Александра Печиќ
Русија: САД се враќа на концептот на ограничена нуклеарна војна од пред 60 години
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти денес дека САД во својот пристап на користење на нуклеарното оружје се враќаат на концептот на "ограничена нуклеарна војна" и дека заради тоа би можеле да планираат да го напуштат сеопфатниот договор за забрана на нуклеарните тестови. "Голема загриженост предизвикува тоа што САД, во пристапот на нуклеарното планирање, се враќаат 60 години...
Во Сисак вечерва силно невреме рушеше и корнеше стебла од корен
Едночасовно олујно невреме и обилни дождови во Сисак вечерва направија голема штета- ветарот рушеше дрва, а водата направи проблеми во два подвозници и продрела во неколу подрумски станови. Се наведува дека невремето во Рисмката и Лаѓарската улица, како и на сисачкото шеталиште низ реката Купа искорнало неколку столетни костени и липи заедно со корењата, при што страдале терасите на угостителските...
Баша: Нема компромис додека Рама не си отиде
Лидерот на опозиционата албанска демократска партија Љуљзим Баша порача дека политичко решение за кризата во земјата нама да има се додека оние кои се огрешиле во изборниот процес не бидат позади решетки, повторувајќи дека албанскиот премиер Еди рама мора да си отиде. На синоќешниот протест на албанската опозиција во Тирана Баша рече дека ако бидат одржани...
Путин: Ќе соработуваме со премиерот на Велика Британија кој и да биде тој
Русија има намера да соработува со новиот премиер на Велика Британија, кој и да биде тој, порача рускиот претседател Владимир Путин, но и додаде дека и новиот премиер на Велика Британија треба да биде спремен на соработка. "Ние ќе се однесуваме спрема тоа(резултатите за избор на новиот Британски премиер) со почит и ќе соработуваме со сите кои сакаат да работат...
Словенија: Мечка нападнала и повредила старица во близина на Љубљана
Една старица се здоби денеска со полесни повреди кога ја нападнала мечка во близина на нејзината куќа во селото Врв над Желимљами оддалечено околу 15 километри од Љубљана, соопшти полицијата. Жената стара 80. години префрлена е во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, а властите ангажирале специјална единица на Шумарската служба обучена за отклонување на опасни мечки









