Роднини на Заев ќе произведуваат канабис, државата очекува 100 милиони евра прилив
“Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата „Мам“, потврди пред пратениците премиерот Зоран Заев и информира дека вкупната инвестиција ќе достигне повеќе од 10 милиони евра, а во моментов се вработени скоро 30 граѓани од Свети Николе. Одговорајќи на прашање од пратеничката Благица Ласовска, Заев рече дека производството е во тек, а првите берби...
Една година по крвавиот четврток: Чочек, кавги и блокади во парламентот
На денешен датум пред една година, Талат Џафери стана првиот етнички Албанец на чело на македонскиот парламент. Уникатноста на тој чин беше потенцирана со тоа што Џафери е и првиот спикер избран на импровизиран начин, на конститутивна седница која беше отворена цели четири месеци, а по чие завршување се одигра крвава драма во законодавниот дом, чии последици сѐ уште...
Ударна вест : Уапсен Атиф Дудаковиќ
Бившиот командант на армијата на БиХ, осомничен за воени злосторства над србите, уапсен е во Бихаќ, пренесуваат босанските медиуми. Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) го уапсиле утрово во Бихаќ бившиот командант на армијата на БиХ Атиф Дудаковиќ под сомнение дека починил воени злосторства над цивили и заробеници од српска националност. Покрај Дудаковиќ, уапсени се уште неколку особи кои...
Заев: Немам конкретни докази, туку индиции за „Монструм“
Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро порача дека во таканаречените бомби немало конкретни докази, туку сериозни индиции за случајот. Тој истакна дека негова обврска како граѓанин, а во тоа време и како шеф на опозицијата, била комплетно да ги предаде бомбите во институција на системот, односно Специјалното јавно обвинителство. Родителите...
Јункер: Прашањето за името мора итно да се реши, препораката не значи датум за преговори
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска во своето обраќање во грчкиот Парламент ја нагласи итноста од решавањето на прашањето за името меѓу Македонија и Грција. – Господине претседателе, пред вашиот Парламент ќе кажам нешто што го кажав кога неодамна бев во Скопје, каде што беше поставено прашањето за името на оваа земја. Јас не сум надлежен да ви...
Заев: 27 април беше срам за државата
По повод годишнината од инцидентите во Собранието на 27 април, премиерот Зоран Заев вели дека од тој настан, кој бил срамен за граѓаните и државата, треба да извлечеме поука за никогаш да не се повтори. Прашан дали верува во правна разрешница за овој случај, тој додаде дека лицата кои се огрешиле пред закон, ќе бидат извадени пред системот на правдата,...
(Фото) Што облече хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за средбата со Иванов?
Темно син костум со посветло сина кошула избра хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за официјалната посета на Македонија. Класичниот костум беше разигран со широки ракави како карнер во долниот дел, со впечалив навезен детал. И чевлите и беа во тон-тегет, необични, со квадратен наместо шпицаст врв, далеку од класични салонки, со ремче, кој исто така наликуваше на карнер. Од модните...
Џорџ Мартин пишува нова книга, но не и продолжеток на серријалот
Американскиот писател Џорџ Р. Р. Мартин, авторот на серијалот "Песната на ледот и огнот", почна нов проект - но не и продолжување на серијалот. Издавачката куќа Рендом Хаус соопшти дека приквелот на серијалот под наслов "Fire and Blood" ќе биде издаден 20. ноември. "Fire and Blood" е прва од двете планирани книги кои издавачот ги нарекува "конечна историја на Таргарјен...
Дојче банка: Ќе има големи отпуштања заради оштриот пад на профитот
Дојче банка објави денес дека во првиот квартал на 2018. остварила нето профит од 120 милиони евра, што претставува пад од 79 посто во односот на минатата година. Банката најави планови за значајно смалување на работната сила до крајот на 2018. година, посебно во секторот на корпоративно и инвестиционо банкарство и во своето работење во областа на инфрастуктурата, известува мрежата...
Крај на судењето на Томпсон заради извикот “За дом спремни”,пресудата 2. мај
Во судот во Слуњ синоќа е завршена постапка против хрватскиот неоусташки пеач Марко Перковиќ Томпсон, заради извокот "За дом спремни" на концертот во Слуњ, а изрекувањето на пресудата е најавена за 2. мај. На Перковиќ му е судено под оптужба за реметење на јавниот ред и мир врзано за извикот "За дом спремни" во текот на изведувањето на песната "Бој...









