Заев верува во решение за името пред Самитот на ЕУ
Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека многу брзо ќе биде постигнато решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција и оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни. Заев денеска во Арачиново каде што беше означен почетокот на проектот за изградба на нова општинска зграда, истакна дека брзото решавање...
Блокада на сообраќајот во Нови Сад. Полицијата: Доколку не ги тргнете возилата ќе добиете прекршочни казни
Возачите во Нови Сад, нездоволни заради зголемувањето на цените на горивата, сабајлево околу 7.20 часот блокирале три смера на раскрсницата кај Футошкиот пазар. Тие ги тргнале своите возила нешто предe 11 часот, со што протестот бил завршен. Сообраќајот накратко бил закочен и на мостот Газела во Белград, а бил блокиран и Зрењанинскиот пат, кај Борча. Припадниците на сообраќајната полиција ги...
Нови сведоци ќе сведочат за масакарот кај Смилковско езеро во случајот Монструм
Како што јавува Независен весник, нови сведоци ќе сведочат во случајот Монструм Нови сведоци и прислушуваните разговори на специјалното јавно обвинителство за случајот „Монструм“ се очекува да го расветлат петкратното убиство кај Смилсковското Езеро што се случи пред шест години. Одбраната најавува нови сведоци кои досега не се појавиле во Судот, а нови сведоци се очекува да предложи и специјалното јавно...
Зорана Михајловиќ: Блокадите на автомобилите во Србија недопуштливи
Начинот на кој еден број граѓани протестираат заради цената на горивата, со блокада на сообраќајот и авто-патовите, загрозувајќи ја безбедноста и слободата на движење на сите други граѓани, недопуштлив е и е за секоја осуда, вели потпретседателката на Владата и министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ. "Блокадите на автомобилите во кои има бебиња, деца и старци, особено на...
Иницијативата “Да ли сте озбилни” контактираше со семејствата на децата кои се здобија со прострелни рани кога хрватската полиција припука на нив
Членови на иницијативата "Да ли сте озбилни" (Are you serious) стапиле во контакт со мигрантските семејства на децата на кои припукаа хрватските специјалци при крајот на мај, во која прилика две деца се повредени, а изнеле, како наведуваат од иницијативата, "загрижувачки факти". Иницијативата во разговор со семејствата на децата дознала дека сите ранети особи биле во комбето на кое хрватската...
Протестите заради цените на горивата се проширија на Балканот
Во некои градови на Црна Гора и Биосна и Херцеговина возачите синоќа во знак на протест против високата цена на горивата, ги застанаа своите автомобили на клучните раскрсници во 17 часот. Порталот "Klix" јавува дека возачите во некои делови на Сараево, Бањалука, Тузла, Зеница, Вискои и Прједор на кратко го блокирале сообраќајот во 17 часот, наведувајќи дека сообраќајот бил блокиран...
Трет ден протести во Србија заради цената на горивото, обвинувања и препукувања меѓу власта и опозицијата
Денес е веќе трет ден од протестите на возачите во Србија заради поскапувањето на горивто. Протестите се одржани на повеќе места во Србија, и во Белград. Граѓаните на Србија велат дека се незадовлни од поскапувањето и ќе протестираат додека не се првземе нешто. Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека ова се политички протести во режија на опозицијата. Провладините медиуми...
Швајцарија: Повлечени српки маици заради Косово
Како што пренесе српкиот Блиц, неколку дена во очи на Светското првенство, на кое ќе игра и репрезентацијата на Србија, се случи шокантен случај во една продавница на спортска опрема во Швајцарија заради маиците на Србија. Еден женевски бутик пласирал маици во боите на српската тробојка, на левата страна со мапата на Србија со Косово и Метохија и српскиот грб...
Барокот попушти пред дождот, владата прокисна
По вчерашното невреме и силниот дожд кое го зафати Скопје и регионот воопшто, Зградата на македонската влада прокисна пренесе порталот СакамДаКажам.мк. За кој, информацијата ја потврдиле од владата, поточно генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. „Владата прокисна на директно отворените места. И не е првпат, кисне на секој дожд. Таков е квалитетот на изработката. Водата лази по плафоните, под светилките...
Аваз: Властите во БиХ организираат враќање на терористите на ИД од Сирија, кои се по потекло од БиХ
Властите во БиХ планираат да вратат припадници на таканаречената Исламска држава (IS) и членови на нивните семејства, пишува денеска Дневни Аваз, повикувајќи се на информации од Собирот на министри на таа земја. Како што наведува, спрема информациите кои Собирот на министри на БиХ ги доставил до Прламентот во БиХ, постои план да се воспостави координационо тело за решавањтето на прашањето...









