Романија: Лидерот на Социјалдемократите Ливију Драганеа осуден на три и пол години затвор
Врховниот суд на Романија го осуди на три и пол години затвор лидерот на владеачката Социјалдемократска партија Ливију Драганеа заради постакнување на останатите на злоупотреба во власта. Се очекува Драганеа, кој се смета за најмоќна политичка фигура во таа земја, да уложи жалнба на таа пресуда, пренесува ројтерс.
Хрватска: Обележен Денот на антифашистите без присуство на претседателката и премиерот
Во организација на Сојузот на антифашистичките борци и антифашистите на Хрватска (САБА РХ), на Сисачко-мословачката жупанија и Градот Сисак во шумата Брезовица синоќа свечено е одбележен Денот на антифашистичката борба, на која не присуствуваа ниту претседателката ниту премиерот. На влезот во Шумата Брезовица учесниците ги дочека група на десничари кои со транспаренти протестираа против собирот.
Матеј Тонин нов претседател на словенечкиот парламент
Лидерот на конзервативната партија Нова Словенија (НСИ) Матеј Тонин избран е синоќа за претседател на словенечкиот парламент, јавува СТА. За Тонин гласале 80 пратеници, девет гласале против, а еден глас бил неважечки.
Коларов синоќа одговори на провокацијата на Џака преку Инстаграм
Гранит Џака и Џердан Шаќири синоќа упатија провокација кон Србија прославувајќи го голот со симболот на голема Албанија. Џака синиќа упати и провокација до Србите преку Инстаграм. „Еве ти Србијо, поради ова ме викаат Гранит Косово”, напиша на Инстаграм. Во меѓувреме постот е избришан од неговиот профил. Сепак, во меѓувреме Коларов му одговори на провокацијата. „Ние сме Срби, ние сме над тоа примитивно...
Македонија доби нов српски амбасадор: На местото на Душанка Дивјак Томиќ назначен Раде Булатовиќ
На местото нов амбасадор на Р. Србија во Р. Македонија назначен е Раде Булатовиќ на местото на досегашниот амбасадор Душанка Дивјак Томиќ. Булатовиќ доаѓа од местото амбасадор во Украина. Булатовиќ дипломатската кариера ја започнал 1988. Бил секретар во Југословенската амбасада во Рим од 1990. до 1992, а од 1995. до 1999. конзул во генералниот конзулат на СРЈ во Истанбул. Тој дел...
Сугаревски за вестите кои кружат по европските и нашите медии: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по средбата со градоначалникот на Штип. – Значи мислам дека оваа тема уште во текот на локалните избори многу беше злоупотребена. Јас немам информации дека во Македонија некој планира да гради и уште еднаш ќе кажам дека не смееме да внесуваме некоја...
Парламентот го донесе Предлог законот за ратификацијата; 69 гласа „за“ и 40 гласа „против“
Со 69 гласа „за“ и со 40 гласа „против“ парламентот донесе одлука Предлог законот за ратификација на Конечната спогодба со Грција, да се донесе по скратена постапка. Одлуката наиде на неодобрување од опозицијата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со негодување од своите места и тропање по собраниските клупи. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа со тропање по собраниските клупи да го изразат...
Протестот заврши мирно: Демострантите извикуваа „Бесилка за Заев“
Мала група на демонстранти денеска се собра пред собранието на Македонија протестирајќи против ратификацијата на договорот за името. Протестот заврши мирно по ратификацијата а групата потоа се упати кон канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов и пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Тие пред собранието запалија копија од договорот постигнат со Грција. Демонстрантите извикуваат "Предавник" „Проклети да се предавниците“, „Бесилка за Заев“, „Македонија,...
Нови апсења во Турција за наводноите Гуленисти, досега притворени 160.000 луѓе
Турските обвинители издадоа наредба за апсење на 124 особи за кои се верува дека се наводни подржувачи на исламскиот проповедник во САД, Фетулах Гулен, оптужен за организација на неуспешниот пуч 2016. година. Турција до сега, спрема бројките на канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, притворила околу 160.000 луѓе и отпуштила скоро ист број од државните служби.
Бекство како на филм: Тројца Албанци ја дигнаа грчката полиција на нозе денес во Атина
Тројца Албанци ја подигнаа грчката полиција на нозе, по бегството од притворската единица на полициската станица во Аргируполис, во Атина, пренесоа грчките медиуми. Тие се уапсени заради сомнеж дека извршиле голем број на кражби на територијата на Грција, а од притворот избегале низ прозорецот на келијата, по што ги искршиле решетките, а потоа скокнале од 10 метри височина.









