дома Македонија Заев: Многу сме блиску до решение, остануваат името и опсегот на употреба

Заев: Многу сме блиску до решение, остануваат името и опсегот на употреба

615
0
АКЦИЈА

Постигнат е напредок за најголемиот дел од прашањата во спорот со името, остануваат опсегот на употреба и името за меѓународна употреба, рече македонскиот премиер Зоран Заев на денешниот отворениот брифинг со медиумите.
Точно е дека поголем дел од работите се решени и тоа, истакна, му дава право да верува дека има исчекор, но, посочи дека и тоа што е решено, може да се смета дека е договорено само ако има конечен договор.

– Би кажал само дека не е решен опсегот и не е решено името за меѓународна употреба. Многу сме блиску до решение што би требало да биде и потврдено во делот идентитетот и во делот на националноста и на јазикот. Мислам дека сме пред решение за овие прашања, рече Заев и додаде дека другите прашања генерално се апсолвирани.

Во однос на грчките забелешки за иредентизам, Заев смета дека треба да се изнајдат формулации дека немаме територијални претензии, дека немаме намера да ја повредиме границата што не разграничува и дека немаме намера да се мешаме во наследството на Грција, истовремено и тие во нашето наследство.

Заев потврди дека референдум за името ќе има, а прашањето е дали ќе биде веднаш по евтуалниот договор или пред самиот влез на Македонија во НАТО или во ЕУ.

За опсегот на употреба и грчкото барање за ерга омнес, Македонија е на став дека договореното име треба да биде само за меѓународна употреба без промена на Уставот, затоа што домашната употреба на името нема никакво влијание врз Грција.

За прашањето за идентитетот, Заев рече дека Грција има разбирање бидејќи станува збор за лично чувство и определба и не алудира на промена.

Секое решение што ќе биде договорено треба да помине кај институциите и граѓаните на двете земји.

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here