Судскиот совет денеска постапи сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд, реагираше денеска поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во повеќе предмети на СЈО.
– За иста работа во четвртокот една одлука, денеска во вторник, друга одлука. Во четвртокот се процесираше, денеска се одби. Тоа покажува дека не станува збор за правен, туку за политички процес, рече Груевски.
Тој рече дека скоро секој работен ден е на судења со единствена намера да не биде присутен во работата на Собранието.
“Me држат цели денови, не можам да бидам присутен во парламентот“, рече Груевски.
Потенцираше дека против денешното одбивање на барањето, одбраната нема право на жалба и дека со тоа се потврдува дека станува збор за политички прогон. Нагласи дека мината недела, оваа и следната недела секој ден ќе биде повикуван на рочишта, што и според него, е во директна спротивност со начелата на судот во Стразбур за да не се даде можност за подготовка на одбраната. Груевски рече дека со ова се оневозможува и неговата работа во Парламентот за да не може да биде политички активен.
Превземено од Независен Весник